Вооружени лица киднапирале речиси 50 луѓе, меѓу кои жени и деца во северозападна Нигерија.
Жителите на рударскиот град Багега во државата Замфара изјавија дека вооружени лица упаднале во селото со мотоцикли, пукајќи во сите на кои ќе наишле и ги запалиле нивните куќи.
Во нападот загинале три лица, а седум се ранети.
Во последниве години, киднапирањата за откуп станаа вообичаени во северозападна Нигерија, каде вооружените банди напаѓаат села, училишта и патници. (МИА)