👁️  5633

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди ретко населениот југоисточен дел на Тајван, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Од своја страна, тајванската метеоролошка служба извести дека земјотресот бил со јачина од 6,8 степени. Според Европско медитеранскиот сеизмолошки центар (СМЦ) потресот бил со јачина од 6,9 степени.

Земјотресот бил на длабочина од седум километри, а епицентарот бил на околу 42,7 километри северно од округот Тајтунг, источен Тајван.

По вчерашниот силен земјотрес имало повеќе последователни потреси, од кои некои биле со интензитет од 5,6 и 5,9 степени што предизвикале помала материјална штета.

Тајван на 21 септември 1999 година беше погоден од земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа над 2.400 луѓе.