👁️  33

Градот Волос и островот Скиатос се најпогодени од силното невреме што ја зафати Грција, со одлука на полицијата има забрана за движење на возила, улиците се целосно поплавени, а на островот има проблеми и со бродскиот сообраќај, јави дописничката на МИА од Атина.

Невремето „Даниел“ предизвика сериозни проблеми и материјална штета во поширокиот регион на областа Магнисиа, во кој припаѓа и градот Волос, а како што претходно објави МИА, едно лице утрово го загуби животот, а едно е исчезнато.

Со помош на гумен чамец спасувачки екипи во Волос им пружаат помош на граѓаните, градоначалникот на градот упати апел да се избегнат непотребни движења, додека пак преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите оние кои се во Волос и на Скиатос дека со одлука на полицијата забрането е движењето.

Паралелно, проблеми има и во снабдувањето со електрична енергија, а во Волос поплавена е и болницата.