Војската на САД ја испорача првата помош за Газа од воздух- над 35.000 оброци (ВИДЕО)

Американската војска денеска ја изврши првата воздушна испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа, изјавија за Ројтерс двајца неименувани американски претставници.

Официјалните лица рекоа дека изфрлањето на помошта бил извршен со користење на три авиони Ц-130.

Еден од официјалните лица изјавил дека во таа помош имало повеќе од 35.000 оброци.