👁️  19

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека бројот на загинати во енклавата од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас, се искачи на 25.700 луѓе.

Поголемиот број од загинатите се жени, деца и малолетници.

Според Министерството за здравство во изминатите 24 часа убиени се 210 лица.

Од 7 октомври 2023 година во Појасот Газа повредени се 63.740 лица.

фото: МИА архива