👁️  292

Русија утрово ја нападна Украина со неколку ракети Кинжал, соопшти Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.

На каналот Телеграм на украинските воздухопловни сили беше наведено дека ракетите биле лансирани кон Киев, Виница и Житомир, пренесуваат украинските медиуми.

Претходно беше објавено дека Русија лансирала ракети Х-101/555/55 од шест авиони Ту-95МС.

Воздушна закана е на сила на целата територија на Украина.

фото:МИА архива