👁️  866

Крокодили, кобри и џиновски гуштери со големина на змејовите комодо, наречени варани, некогаш шетале по бреговите на Грција, но и во Македонија.

Крокодили, кобри и џиновски гуштери со големина на комодо змејови, наречени варани, некогаш талкале по бреговит и го населувале островот Евија пред помеѓу девет и 18 милиони години, покажуваат најновите наоди од студијата за фосилни остатоци.

Тим научници од универзитетите во Торино и Фрајбург, предводени од палеонтологот Јоргос Јоргалис, ги испитуваа фосилизираните остатоци од заби на крокодил пронајдени во Аливери на Евија од тим од Универзитетот во Утрехт, пренесува АНА.

Ова се некои од најстарите фосили на крокодили кои некогаш биле пронајдени во Грција, а во истата област се пронајдени и фосили на камелеони уникатни за таа земја, како и змии, гуштери, желки и жаби, рече Јоргалис, кој објави статија за фосилите, во списанието Историска биологија.

Како што објаснува тој, климата во областа Евија во минатото била многу топла и влажна, па најверојатно областа наликувала на џунгла, додека, од друга страна, областа околу реката Аксиос – што е грчко име за Вардар – личела на савана и долж течението живееле кобри и џиновски гуштери пред околу девет милиони години.

Јоргалис посочува дека ова се првите фосили на гуштери и змии кои се идентификувани во околината на реката Вардар, каде што научниците досега најмногу пронашле фосили од цицачи како мајмуни, лавови, хиени и антилопи.

извор: nationalgeographic