👁️  229

Денес го отворивме светскиот шампионат во шах за сениори кој се одржува во Струга, каде учество земаат околу 50 шаховски федерации и организации од над 25 земји, објави на социјалната мрежа на Фејсбук претседателот на Шаховската Федерација на Македонија Саша Богдановиќ.

На сите учесници од името на Шаховска Федерација на Македонија / Chess Federation of Macedonia им посакуваме успех и убав претсој во преубавата Струга, пишува Богдановиќ во својата објава.