👁️  292

Според резултатите од пописот одржан во Србија минатата година 2022 година има 6.647.003 лица, од кои како Македонци по националност се декларирале само 14.767 лица.

Во споредба со претходните пописи во Србија, во 2011 година како Македонци се изјасниле 22.755 лица, на пописот во 2002 година имало 25.847 Македонци, додека во 1991 година имало 45.068 Македонци.

Неофицијалните податоци со кои располагаат Македонците во Србија, и неофицијалните податоци од ОБСЕ, говорат дека во Србија живеат меѓу 150.000 до 200.000 Македонци.

Македонците во Србија ги имаат сите права, дури и поголеми права во однос на Македонците од остатите републики на Балканот, со истакнување на остварените резултати во образованието, културата, информирањето и службената употреба на јазикот и писмото и дека македонците можат слободно да се изјаснат за својата национална припадност, затоа загрижува опаѓањето на нивниот број, или безмалку половина за десет години, ако во 2011 имало 22.755 Македонци, а во 2022 само 14.767.

Според резултатите од пописот одржан во 2022 година, во Србија живеат 61.687 Албанци, Бошњаци 153.801, Бугари има 12.918, Буњеваци 11.104, 21.013 Власи, 7.700 Горанци и 27.143 граѓани кои се идентификувале како Југословени.

На пописот имало и 184.442 Унгарци, 39.107 Хрвати, 20.238 Црногорци, 2.829 Словенци, 2.573 Германци и 131.936 Роми.