Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа во телевизиско гостување откри дека во Србија е пронајдено целосно ново наоѓалиште на злато.
Освен за политичката ситуација, претседателот на Србија, Александар Вучиќ зборуваше и за економски теми и откри дека во Србија е пронајдено целосно ново наоѓалиште на злато.
Добив информација дека во едно од најсиромашните делови на Србија е пронајдено едно од 80-те најголеми наоѓалишта на злато, сосема ново, како Господ малку да не погледнал во последно време, па ќе видиме“, рече претседателот на Србија.