Скопје и СЦ „Борис Трајковски“ вечерва беа сведоци на светски рекорд! Имено, најдобриот одбојкар на репрезентацијата на Холандија, коректорот Нимир Абдел-Азиз, го собори светскиот рекорд за брзината на изведен сервис.
Тој вечерва на големото дерби против Полска во рамките на 2. коло од групата „Ц“ во првиот сет кој Холанѓаните успеаја да го добијат за водство (1:0) при резултат 15:14 сервираше со брзина од 137 километри на час, пренесе порталот СпортСпорт.
Овој моќен сервис на Абдел-Азиз е нов светски рекорд на репрезентативен одбојкарски меч. Досегашниот светски рекорд го држеше неговиот вечерашен ривал од другата страна на мрежата, полскиот коректор Вилфредо Леон, кој има сервирано со брзина од 136 км/ч на натпревар од Светската лига на нации. Леон има и сервис од 138 км/ч, но на клупски натпревар, пишува порталот.
Видеото можете да го погледнете на СпортСпорт.