Во пристаништето во Драч, Албанија во четвртокот биле запленети 150 илјади евра и над 160 илјади фунти. Непријавените пари кои пристигнале од Италија, биле пронајдени во кабината на камионот и постои основано сомнение дека парите потекнуваат од криминални дејства.
Возачот на камионот, кој ги превезувал парите и се обидел преку пристаништето во Драч да ги внесе во Албанија, без да ги пријави е уапсен. Ова е 5-ти случај на обид за внесување големи суми непријавени пари, во последните неколку месеци што го реализираше на Државната полиција на Албанија.