👁️  789

На 03.12.2022 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект во изградба на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил пронајден починат В.Љ.(40) од нас.Илинден – Скопје, вработен во градежна фирма од Скопје.

Смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор.

По наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот била извршена обдукција, по што било предадено на семејството за погреб.