👁️  5

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 27.08.2023 во периодот од 10.00 до 14.00 часот регионалниот пат Р-1306 ќе биде затворен за сообраќај поради одржување на манифестацијата „Ролер ски куп – Тоше Проески” во Крушево и манифестацијата „Црвено злато на Кривогаштани” во Кривогаштани.

Секторот за внатрешни работи Битола апелира до граѓаните, кои го користат тој патен правец, да ги почитуваат насоките кои ќе ги даваат полициските службеници на терен.