👁️  124

„Ние пензионерите со оваа септемвриска пензија добивме ЛИНЕАРНО покачување на пензиите за по 2.500 денари. Вториот дел од покачувањето треба да се добие на почетокот од 2025 година, исто така линеарно. Предлагам да се размисли, покачувањето на почетокот наместо линеарно, да биде ПРОПОРЦИОНАЛНО или во некој друг облик со кој на пензионерите со ниски примања пензиите ќе им се покачат за поголем процент(или износ), а на пензионерите со повисоки примања покачувањето би било помало. Ова би зависело од нивото на пензијата. На овој начин се исправаат барем две грешки-неправди.

Првата е во вкупниот процент на покачување за пензионерите со високи пензии бидејќи тие би добиле покачување во процент поголем од процентот што би им следувал според законските покачувања.

Втората неправда би се исправила со поголемото процентуално покачување на пензионерите со пониски пензии, кај кои постојат бројни причини поради кои тие имаат ниски, речиси недостојни износи на пензии. Како причина може да се смета несоодветното покачување на нивните пензии во последните години, но и во годините порано, несоодветно на покачувањето на трошоците за живот и стапката на инфлација.

Како МНОГУ важна причина за нивнте ниски износи на пензии многу често се стечаите, намерното затворање на претпријатијата, губењето на евиденциите за стажот, многу често поради тоа што претпријатијата биле сопственост на фирми надвор од Република Македонија, поради што голем, да не речам огромен дел од ваквите стечајци не биле во можност да го регулираат стажот како основа за определување на правото на (повисок) износ на пензија, при што за нив веќе биле уплаќани придонесите за пензиско и инвалидско осигурување. Голем дел од нив и со губењето на работни места уште тогаш биле во ситуација да живеат како стечајци, на ниво на социјални случаи. Значителен број од нив биле жртва на неправедната, душманска приватизација, за што самите немале никаква вина….

Имајќи го сево ова предвид, можеби е време со наредното покачување на пензиите, барем малку да се исправи-исправат неправдите кон пензионерите со ниски и пониски примања и нивните пензии да се доведат барем приближно кон износи со кои барем делумно ќе се исправат неправдите кон нив, како и ќе им се овозможи попристоен пензионерски живот. Во ова има и еден чисто економски аспект. Пензионерите со ниски и пониски пензии речиси целосно би ги трошеле пензиите заради преживување, со што би се зголемиле приходите во буџетите на државата, на општините и други општествени заедници, додека пезионерите о повисоки пензии дел од пензиите не би го трошеле ами го тргале настрана. Од овој аспект, државата би имала поголема корист од приходите во нејзините буџети.

Има и уште една неправда. Одвојувањето на 7% за вториот пензиски фонд се има покажано како несоодветно во голем дел земји што започнале да ги користат средствата како приходи на пензионерите заради тоа што со текот на годините износите на кои пензионерите имале право, ефективно се пониски поради инфлацијата, несоодветните вложувања на тие средства од страна на пензиските фондови итн. Тоа веројатно ќе се случи и со средствата што ксј нас се одвојуваат во вториот пензиски фонд-столб.