Директорката на кочанската болница д-р Кристина Серафимова информира дека таму се хоспитализирани околу 30 лица.
Останатите од таму се препратени во Клиничката болница во Штип, Градската болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје и „8-ми Септември“.
Околу 30 пациенти се на скопска клиника.
-Лицата се со изгореници и со интоксикација од јаглероден моноксид. Пациентите кај нас во болницата не се во животозагрозувачка состојба, рече таа за Сител.