👁️  306

Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол се подготвува да замине во Катар на Мундијалот, а пред заминувањето ги изнесе впечатоците за лошата овогодинешна организација.

Ивана во своите стории на Инстаграм го напиша својот осврт за организацијата на Светското првенство и откри што и пречи.

– Ова е катастрофа! Жал ми е за сите луѓе кои не можат да одат на СП поради најлошата организација во историјата! И по 20 дена мојот придружник не доби одобрение за влез во земјата иако ги има сите карти до финалето. Сите наши пријатели исто така! Очигледно сум среќна што ќе ја бодрам Хрватска, а Катар како Катар, го испраќам на едно друго место! И сега ми е сосема јасно зошто толку многу луѓе не сакаа ни да учествуваат во овој циркус! – напиша Ивана.

Пред тоа на својот профил на Инстаграм објави фотографии на кои позира на песочна плажа во минијатурно бикини со хрватски шаховски дезен, а под истата напиша:

– Што мислите дека ќе облечам за Катар? – изјави познатата навивачка.