👁️  320

Денес во хотел Бела Куќа се одржа панел дискусија организирана од Средношколска унија на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола на тема „Малолетничка деликвенција – причини и последици“ каде наратор на дискусијата беше Виктор Јосифовски.

Целата дискусија помина во позитивна и креативна атмосфера. На дискусијата се приклучија скоро сите присутни, каде кажаа кои се денешните пороци и вистинските криминогени фактори кои се причинители за масовноста на оваа појава.

Дел од заклучоците кои беа изнесени се тоа дека, сите ние како учесници во општесвениот живот, како и семејството како институција и сите апарати на државата, ЦСР, Јавното Обвинителство, Народниот Правобранител, МВР, образовниот систем, црквата и останатите верски заедници, треба да се вклучат во превенцијата на оваа негативна појава.