👁️  775

Денес се одржа најголемиот турнир во Playstation во Битола во организација на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола.

-Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола, во организација на Средношколска и Студентска Унија, денешниот ден го искористивме за организација на турнир во Playstation, каде се играше FIFA23.

Турнирот помина во прекрасна атмосфера и дружба, а не беше изоставен и натпреварувачкиот дух, каде најдобри на турнирот беа:

Прво место – Алмир Бајрами
Второ место – Горазд Кузмановски
Трето место – Томи Шехи

Им се заблагодаруваме на сите 44 млади учесници што присуствуваа на нашиот турнир, стои во соопштението на УМС ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА.