👁️  5

Владата на компанија фаворизирана од времето на Драги Рашковски, во три години доделила 40 милиони евра за софтверски лиценци. Со овие пари можеа да изградат клиничка болница, да обезбедат терапија за лицата со ретки болести и во исто време да испечатат учебници за учениците, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Патем, за да нема нови тендери, владата договорила само да плаќа фактури во следните три години, пракса која што се спроведува низ сите институции, со склучување т.н. Рамковни договори. Притоа, уште еден доказ за расипништвото на владата на Ковачевски, е дека за истата услуга пред три години на истата компанија и платила 15 милиони евра, а сега 25 милиони евра, што е речиси двојно поскапо. Молкот на власта доволно говори дека на виделина излезе уште еден скандал за бесрамно трошење на народните пари, во време кога граѓаните живеат се посиромашно и посиромашно, власта се правда дека нема пари за граѓаните, за земјоделците, за работниците, за учениците и студентите, ама има пари за софтвери од 40 милиони евра, стои во соопштението на партијата