👁️  19

СДС како да имаат вода во уши и песок во очи, ако машините се криминални нека ги обвинат и Центар и Струмица, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Дарко Каевски.

Во продолжение целото соопштение од реакцијата на опозициската партија:

Истите машини за бележење на коловоз се купени од страна на општините Центар и Струмица, каде што градоначалници се од СДС. Во прилог е линк на набавка на таква машина која ја направила општината Струмица каде градоначалник е Коста Костадинов од СДС. Таквата машина е набавена за сума од 15 илјади евра, или за 6 пати повисока од таа што тврди СДС дека може да се набави.

Оттука следствено на тоа ЈО треба да отвори истрага и за нив.

Па оттука може да се каже дека што и да кажат и лажат од клептоманската СДС, јасно е дека градоначалници на СДС се фатени со рацете во медот.

Наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од СДС да кажат во чии џебови завршиле астрономските разлики.

Но реалноста е сосема друга. Реалноста е дека машините се од најдобриот американски производител GRACO, и исти такви имаат набавено и голем број на приватни субјекти.

И општина Велес и општина Битола сега имаат најсовремени машини за бележење на коловози, и тоа ќе го прават сами, наместо да плаќаат скапи тендери секоја година.

Не поминуваат манипулациите на СДС. Народот јасно препознава што е добро а што не. Никогаш не било полошо од сега со СДС. Затоа важно е да ги поразиме.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ