👁️  5

СДС води лицемерна и неискрена политика. Ги лажеше граѓаните во струмичкиот регион дека нема да дозволи изградба на рудник во Иловица, но кога Дестани влезе во „Еуромакс ресурсис“ го променија ставот. Велеа дека не знаеле и дека некој ги измамил на владина седница, за после да се открие дека не само што знаеле еден ден однапред, дека ги имале сите материјали, туку и дека дебатирале на таа тема. Истите тие откако донесоа одлука со која отворија врата за рудник во Иловица, после тоа без грам срам излегоа да протестираат со граѓаните, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа политичка шизофренија на СДС ја навредува интелигенцијата на граѓаните. Во моментот кога Дестани, кој важи за бизнисмен близок на ДУИ, влезе во бизнисот со рудници, владата на СДС ја оживеа идејата за рудник во Иловица. СДС им должи на граѓаните одговор, дали со овој потег го спасуваат владиното мнозинство? Дали со овој потег покорно ги исполнуваат бизнис насоките на доминантниот партнер во владата, ДУИ? Зошто досега не се одзема едната концесија за експлоатација на „Еуромакс“, која е спорна?“ – велат од партијата.