👁️  12

Како Груби помогна на ширење на европската идеја?, прашува ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение по изјавата на аАртан Груби дека Владата била проевропска, а за сите нејзини неуспеси ја обвини Русија, вклучувајќи ги тука и критичарите на власта. Во соопштението понатаму се вели:

Европски ли беа парите со кои неговиот брат под супер поволни услови стана газда на деловен објект на улица „Македонија“?

Европски ли беа шамарите на бандите на ДУИ во контролата на летање?

Европски ли беше потегот со кој внукот на Ахмети кога не пука петарди, станува газда на деловната зграда „Соравија“?

Европски ли беше воодушевувањето на Груби и пиењето кафе со членови на подземјето, и лица обвинети за сериозни криминали?

Европски ли беше стекнувањето по багателна цена на хотелот на Шапка?

Европски ли е новиот закон за игри на среќа каде се штитат интереси на власта? Европски ли беа несреќите во Тетово и Ласкарци?

Знае ли Груби дека Дурмо турс уште превозува патници?

Европска ли е забавата на државна сметка во министерството на Груби прославувајќи го роденденот на Ахмети?

Кој од ДУИ е поголем Европеец, дали е тоа Рамиз Мерко што е на црна листа САД или  Исмет Гури кој го пуштија да избега од затвор?

Патем како е со огнометот на Дрин?

Дали тој испушти европски звук кога го пукаа?

Европски ли е замокот на Ахмети во Зајас, кој е по теркот на тој на Пабло Ескобар од Колумбија?

Го молиме Груби да одговори што од овие потези е европски чекор.