Криминалот во Клиничката болница во Битола го потврди и обвинителството, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.
„КРИМИНАЛОТ ВО КЛИНИЧКА БОЛНИЦА БИТОЛА, ПОТВРДЕН И ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО
Финансиските грабежи, злоупотребата, криминалот и корупцијата на оваа централна власт, конечно, потврдени. Во центарот на криминалниот скандал, овој пат, Клиничката болница во Битола.
Дефинитивно е потврдено и од Основното јавно обвинителство-Битола, дека се отворени истраги за состојбите односно наводните финансиски злоупотреби во Клиничката болница Битола, после објавата на извештајот на Државната ревизија.
Во фокусот се финансиските злоупотреби или на што незаконски се трошеле парите на граѓаните, Вашите пари почитувани.
Така, да потсетиме, константирани се манипулации со исплатата за нега, злоупотреба на финансиски средства при ангажирање на немедицински персонал и злоупотреба за исплата на прекувремени работни саати.
ВМРО ДПМНЕ, од овде, јасно и недвосмислено го охрабрува Обвинителството, професионално и чесно да ја одработи својата работа, без подлегнување на ничии евентуални притисоци и закани и силно сме убедени, дека тие, како професионалци тоа, овој пат, ќе го направат.
Секој поминат ден со оваа власт е провалија!
Расчистувањето на овој случај, нека биде првиот чекор за совладувањето на провалијата која тонеме сите, заедно!
Република Македонија не заслужува ваква корумпирана, криминална и неспособна власт.
Одлуката е Ваша, почитувани граѓани, на претстојните парламентарни избори!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.