👁️  5

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општина Прилеп.

Како што информирааат од ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на улица „Цар Самоил”, влез на Парк на непобедените Могила.

Потоа, Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на SCADA систем, инвестиција од 8 милиони денари реализирани преку ЈКП „Водовод и канализација”.

Претседателот Мицкоски ќе изврши увид на Клучката Оревоец-Плетвар-Прилеп-Вештачко езеро, ветен неостварен проект од СДС.

Понатаму, Мицкоски ќе оствари средба со млади луѓе од општина Прилеп.

Претседателот Мицкоски ќе го посети ООУ„Климент Охридски” во Прилеп.

Мицкоски ќе оствари средба со здравствените работници од општина Прилеп.

По средбата, Претседателот Мицкоски продолжува на средба со просветните работници од општина Прилеп.

Во 18:00 часот претседателот Мицкоски ќе се обрати пред присутните граѓани пред спортската сала „Македонија” во општина Прилеп.