👁️  47

Ковачевски нека не се прави домазет во својата влада, слика има тон нема. Пред носот му се случува скандал, а тој молчи затоа што не смее да му зуцне ништо на Артан Груби, велат во париското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено Груби е централниот лик во новата шема со која 2,6 милион евра народни пари ќе се одлеат во џеб на негов близок соработник.

Државна Лотарија, водена од Перпарим Бајрами, шеф на кабинетот на Груби во министерството за политички систем, изнајмила објект во скопско Визбегово и ќе плаќа над 21 илјада евра месечна кирија за период од 10 години! Објектот пак е во сопственост на компанијата ХЕЈ ДООЕЛ на Армин Машовиќ, познат како бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај! Овој лик кој е близок до кланот Зајас во февруари го купил објектот и за чудо за неколку месеци го добил овој милионски тендер од Лотарија. Истиот овој Машовиќ е бизнис партнер и со Шабан Амзовски кој е член на Управен одбор на Државна лотарија, што целиот скандал го прави уште поголем и посомнителен.

Како црева се изврзале ликови блиски до Груби за да направат бизнис шема за добивање тендери и богатење на сметка на државниот буџет. Граѓаните гледа дека функционерите од оваа власт на ДУИ и СДС со народни пари направија бизнис империја и станаа милионери, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.