Според Вишинска, наместо околу 2,5 милиони евра да бидат инвестирани во нови детски игралишта, улици, тротоари и велосипедски патеки, тие средства ќе бидат искористени за плаќање судски трошоци и оштета поради изгубен судски спор поврзан со раскинатиот договор со компанијата „Пелагонија Гостивар“ за изградба на катна гаража.
Таа потсети дека договорот бил раскинат пред десет години, во време кога градоначалник на Општина Центар беше Андреј Жерновски, оценувајќи дека токму таа одлука предизвикала милионски финансиски последици за општинскиот буџет.
Вишинска истакна дека иако, според неа, биле најавувани истраги и утврдување одговорност за случајот, до денес тоа не се случило.
„Нема истрага, нема катна гаража, а граѓаните на Центар ги плаќаат последиците од расипничките одлуки на СДС“, изјави Вишинска.
Во изјавата таа упати критики и кон актуелното раководство на Општина Центар, оценувајќи дека без разлика кој ја води општината, политиките на СДСМ се штетни за развојот на Центар.
https://youtu.be/KOaQgbUjEMI?si=42Ih6IeE9LTWEjCX








