👁️  5

Италијанскиот кошаркарски стратег Виртус Болоња неочекувано му врачи отказ на искусниот и трофеен стратег, Серџо Скариоло.

Скариоло од 2021 година беше на оваа функција и се пчекуваше да го води тимот и во престојнава кампања, ама на управата на клубот не и се допадна изјавата на тренерот дадена пред неколку дена во која истакна дека тимот не е толку силен како минатата кампања, поточно стави знак прашалник за целите кои можат да се остварат.

Ова не беше добро прифатено, па Виртус Болоња реши да се ослободи од предводникот на шпанската репрезентација.

Според информациите неговото место најверојатно ќе го заземе Лука Бјанки кој имаше фантастични резултати со Латвија на штотуку завршениот Мундобаскет.