Виктор Вембањама го потврди својот настап за Франција на ОИ

Француската кошаркарска репрезентација ќе добие одлично засилување за претстојните Олимписки игри во Париз, откако беше потврдено дека Виктор Вембањама ќе настапи за „триколорите“ и ќе се обиде да му помогне на тимот за што подобар пласман на турнирот.

Новиот член на Сан Антонио Спарс и прв „пик“ на НБА драфтот, се очекува да биде огромно засилување во играта под обрачите, а навивачите се надеваат дека нивните миленици ќе забележат далеку подобар пласман во споредба со неодамна завршеното Светско првенство.