👁️  19

Австриското Министерство за образование, наука и истражување на наставниците во главниот град Виена им обезбедува дополнителни наставни материјали за конфликтот на Блискиот Исток по бруталните напади на палестинската група „Хамас“ против Израел, јави ДПА.

Материјалите што одговараат на возраста на учениците вклучуваат информации за меѓународното право, антисемитизмот и историјата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти одделот за образование.

Исламската верска заедница во Австрија минатата недела објави дека ќе ја подигне свеста кај своите учители како одговор на нападот на Хамас и контранападот на Израел.

Хамас е класифициран како терористичка организација од САД, ЕУ и Израел.  (МИА)