ВИДЕО: Жената која свиреше виолина додека и го оперираа мозок повторно се сретна со својот спасител

Жена која свиреше на виолина за време на комплицирана операција, во јануари 2020 година, повторно се сретнала со својот спасител.

Снимката од операционата сала го обиколи светот, а Дагмар Тарнер (57) во меѓувреме се врати на музиката и животот на островот Вајт. Таа истакнува дека е „вечно благодарна“ на неврохирургот проф. на Кејумарс Ашкан.

Операцијата била извршена во Лондон, а Тарнер свирела на виолина за лекарите да бидат сигурни дека деловите од мозокот кои ги контролираат движењата и координацијата на рацете воопшто не се загрозени, јавува Би-Би-Си.


Туморот првпат бил дијагностициран во 2013 година, а несреќната жена имала напад за време на концерт. Била упатена на радиотерапија, но подоцна завршила на операционата маса бидејќи проблемот ескалирал.

-Засекогаш сум му благодарна за тоа што го направи. Кога го видов, се насмеав. Секогаш ме смее, рекла таа.

По операцијата се вратила на музиката, но почувствувала несакани ефекти, како што е замор.