👁️  54

Според податоците од Централниот регистар, зетот за ќерка на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Куштрим Смајлај, на почетокот на 2022 година направил заедничка фирма со бизнисменот Ерџан Сулкоски и веќе во првата година направиле обрт од 12 милиони евра и профит од околу 2,5 милиони евра. Пред месец дена, Сулкоски го продал својот удел од 50% за 2 500 евра на Смајлај.

Во истата 2022 година Сулкоски „влегол“ во уште еден бизнис. За 24 000 евра добил 65% од компанијата РКМ, која во тој момент имаше гарантиран бизнис од 112 милиони евра за набавка на мазут за потребите на државните Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), а годината (очекувано) ја заврши со профит од 6,2 милиони евра.

Во понеделникот во „360 степени“ гостуваше претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Зборуваше, пред се, на политички теми, но доби и вакво прашање:

– Дали треба да заклучиме дека семејството Ахмети е во бизнисот со увозот на мазут?

„Јас ве убедувам дека семејството Ахмети нема ништо со … како се викаше, Ерџан Сулкоски“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на 18 септември 2023 година.

Зошто му го поставивме ова прашање на Али Ахмети и кој е Ерџан Сулкоски?

Денот бил 11 јануари 2022 година кога две лица склучиле договор за основање на фирмата „К.С.А. Интернатионал“ во Република Северна Македонија.

Името на едниот содружник е Куштрим Смајлај, во тој момент, германски државјанин со привремен престој во Зајас. Во документите од Централниот регистар не пишува дека истиот Куштрим Смајлај е зет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сопруг на неговата ќерка Ускана.

Вториот содружник во компанијата „К.С.А. Интернатионал“ е Ерџан Сулкоски, македонски државјанин со адреса на живеење во Кичево.

Целиот текст прочитајте го ТУКА