👁️  586

На социјалните мрежи се појави видео снимено во неделата во Нови Пазар на кое се гледа како граѓаните буквално се грабаат за шеќер во продавница.

„Дајте ми пакет, за волја на Бога. Дај ми едно пакување“, се слуша како плаче една жена од снимката.

Српските медиуми јавуваат дека недостигот од основни производи е честа појава во Србија во последните неколку месеци, но дека состојбата се влошува со ваквите грабежи во продавниците и трупањето залихи.

Недостигот на шеќер во продавниците низ Србија трае веќе со недели, а во многу продавници има барања граѓаните да купат не повеќе од пет килограми шеќер по набавка.

Инаку, Србија минатата година веќе ги ограничи цените на некои прехранбени производи за да ги заштити пазарот и потрошувачите, но годинава имаше недостиг, главно на шеќер и млеко.