👁️  299

Полициски службеници од специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи спроведуваат тактичко – показна вежба во Охрид, соопшти СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски појасни дека се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР.

„Целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и државата“, изјави Димоски.

Пред почетокот на вежбата, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје каде ќе се изведуваат вежбовните активности со цел оневозможување влез на граѓани на подрачјето.