👁️  1699

Турската полција објави снимка од апсењето на жената која се смета за главен осомничен за вчерашниот напад во Истанбул, објавија турските власти.

На видеото се гледа како специјалните полициски сили влегуваат во стан, ставаат лисици на жената и вршат претрес во просториите.

Во исто време, корисниците на Твитер објавија фотографии од осомничената жена по нејзиното апсење.