👁️  2063

Застрашувачко е видеото кое го сними моментот на смртта на 39-годишниот Серхио Муриљо Лима де Сантана додека се возел на зиплајн во Бразил.

На видеото, кое го сними самата жртва на несреќата, 39-годишникот се чини дека е возбуден поради почетокот на неговата воздушна прошетка.

Меѓутоа, околу 30 секунди подоцна, зиплајнот се срушил, па несреќниот 39-годишник паднал на земја. Кобната рута ја снимила партнерката на несреќниот маж, фаќајќи го моментот кога пукна зиплајнот.

Според Њујорк пост, 39-годишникот веќе бил мртов кога бил пренесен во болница по неговиот пад. Според информациите, последната проверка на зиплајнот што ја користел 39-годишникот била лани во март.

По несреќата што се случи на 10 октомври, властите на бразилскиот регион Аракати ја забранија употребата на сите зиплини во регионот, кој е еден од туристичките центри во земјата.