👁️  6172

Масовна тепачка синоќа настанала во ноќен клуб во српскиот град Кикинда. Според порталот 192.рс, група гости од засега непознати причини нападнале и претепале тројца обезбедувачи.

На видеото се гледа како група од пет или шест мажи тепаат еден човек кој е на земја, го клоцаат и удираат со столови и се друго што ќе им дојде при рака.

– Ајде мангупи, бре – се слуша додека ги тепаат обезбедувачите пред влезот во ноќниот клуб.

Засега не се знае што ѝ претходело на тепачката и дали некој е приведен. Според неофицијални информации, еден од тројцата обезбедувачи е тешко повреден.