👁️  4100

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја добија драмата против Вардар 1961 (22-23) и го одбранија трофејот во Суперкупот на Македонија. Битолчани одиграа подобро во завршницата и се вратија од два гола негатива, за на крајот да слават со злато вредна одбрана на Марко Кизиќ.

По крајот на мечот, трофејот го крена капитенот Мирко Радовиќ. Црногорецот во прославата со најверните фанови го даде освоениот трофеј и „Чкембари“ го кренаа на трибината.

Прославата на „Чкембари“ со трофејот во Суперкупот:

Зелено-белите“ оваа сезона се со највисоки амбиции, целат кон тронот на вардарци и важат за фаворит во таа битка. Сепак, по овој Суперкуп и големата битка се докажа дека следи нова интересна сезона и разврската ќе понуди голема борба.