👁️  26

Јас не сакам да го оставам министерот Бујар Османи на цедило и ќе заминам во САД, рекол премиерот Димитар Ковачевски за францускиот предлог, открива доскорешниот негов коалиционен партнер, Павле Трајанов.

Овие ексклузивни информации за однесувањето на Ковачевски при носењето на францускиот предлог, Трајанов ги открива во интервју за емисијата Звукот на политиката на Радио Лидер.

Како што објави Радио Лидер, во разговор во парламентот за предлог заклучоците на Трајанов, Талат Џафери организирал средба, на која биле присутни Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби. Османи го убедувал Павле Трајанов дека нема друга меѓународна конференција, покрај оваа што сега се оддржува и одма ќе се почнат преговори. Ахмети го запрашал Османи за мислење околу ставовите на Павле Трајанов. Груби предложил да се прифатат заклучоците на Павле Трајанов. Во тој момент, Ковачевски станал и изјавил:

-Вие ако ги прифатите заклучоците, јас не сакам да го ставам во тешка позиција министерот за надворешни Османи, јас во тој случај ќе си ги земам стварите и си одам за Америка, им рекол Ковачевски на присутните, тврди Трајанов.

Тој напоменува дека Ковачевски вакви закани за отселување во САД давал во повеќе наврати.

Видеото може да го творите ТУКА.