👁️  9623

Еурофарм Пелистер се пласираше на својот прв историски завршен турнир во СЕХА лигата, откако по пенал-рулетот го совлада Мешков Брест со 27-26 во „Боро Чурлевски“. Белорусите не го преживеаја битолскиот пекол, кој еруптираше во завршните моменти.

Откако битолските херои на теренот успеаја да ја исполнат целта и да го совладаат ривалот, забавата продолжи и на трибините. Најверните фанови на Еурофарм Пелистер, „Чкембарите“ го повикаа Марио Танкоски на својата трибина, а бекот се качи на оградата,

Битолските „зелено-бели“ ќе настапат на турнирот во Задар следниот викенд, а за противник ќе го имаат унгарски Веспрем.