👁️  12

Кошаркарската репрезентација на Србија по пауза од девет години и Мундобаскетот во Шпанија, повторно ќе се бори за светската титула. Србите со спектакуларна игра во полуфиналето ја поразија Канда со 95:86.

Петмина српски кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени. Стрелците ги предводеше капитенот Богдан Богдановиќ со 23 поени, по 16 поени уфрлија Никола Милутинов и Огњен Добриќ, Милутинов имаше и 10 скока.

Богдановиќ на нешто повеќе од две минути до крајот стави точка на мечот, кога и донесе на Србија предност од 16 поени. Српскиот коментатор на „Спортклуб“, Дарко Плавшиќ емотивно ја проследи целата таа акција.

ДАРКО ПЛАВШИЋ!!! pic.twitter.com/CPnr8YllAm

— Андрија Армуш 🇷🇸ꒌ (@_andrijaarmus_) September 8, 2023