👁️  61

Денеска (16.08.2023), во реонот на Лозово и селото Каратманово настана пожар во кој гореше висока борова шума.

По известувањето од страна на Центарот за управување со кризи, хеликоптерите од Одделот за воздухопловни единици го локализираше пожарот кој беше затекнат во рана фаза.

Хеликоптерите Ми-171 и Бел 412 заедно направија околу дваесетина прелети, во кои беа исфрлени повеќе од 35 тони вода.

Акцијата траеше неполни 3 часа до потполно гасење на пожарот, со што беше спречен пожар од поголеми размери.

Видеото можете да го погледнете ТУКА