👁️  698

Синоќешната премиера на филмот „Не се грижи драга“ на 79. Филмски фестивал во Венеција долго ќе се памети и прераскажува. Во голема мера и поради Хари Стајлс.

Имено, според Твитерашите пејачот и глумецот го плукна својот колега пред целиот свет.

На видеото се гледа како Хари Стајлс се приближува кон режисерот на филмот и неговата девојка Оливија Вајлд и еден од главните актери во „Не грижи се драга“ Крис Пајн и очигледно му плука во скутот.

Пајн по инцидентот престана да аплаудира, погледна надоле кон „местото на злосторот“ и почна да се смее.

Оливија Вајлд се обиде да го скрие своето чудење, но не успеа. Нејзиното лице го издаде сето тоа.

И како драмата на сетот да не беше доволна, инцидентот во Мостра дополнително ја искомплицира ситуацијата околу филмот.

За потсетување, актерот Шија Лабеф беше исфрлен од актерската екипа откако имаше расправија со Оливија на снимањето, што таа подоцна го потврди во едно интервју. А тој во разговор за „Варајети“ вели дека режисерот ја омаловажувал глумата на Флоренс Пју, поради што таа минимално учествувала во промоцијата на филмот. Лабауф приложи и доказ за своите тврдења.

Сепак, Флоренс вчера беше на премиерата, а тензијата меѓу членовите на филмската екипа се чувствуваше и од далечина.

Оваа слика може да ја навести причината за незапаметен инцидент, бидејќи на црвениот тепих Пајн со многу емоции зборуваше за тоа колку е прекрасно да се работи со Флоренс Пју, што Стајлс наводно го сфатил како контра удар за Оливија Вајлд, т.е. , поддршката што и ја даде на „жртвата“ на плукањето на премиерата.