👁️  1993

Голем пожар ја зафати кулата на Кинескиот телеком, од која се крена густ и висок столб од црн чад, јавија азиските медиуми.

– Десетици катови од кулата горе со висок интензитет. Пожарникарите го локализираа – објави државната телевизија „CCTV“, без да наведува дали имало жртви и која била причината за пожарот во кулата висока 200 метри.

Чангша има десетина милиони жители и е главен град на провинцијата Хунан.