👁️  656

Од чиста среќа, на натпреварот Плитвице – Соколац нема повредени во Хрватска.

Неверојатна сцена се случи на натпреварот од Првата жупанија лига на округот Лика-Сењ.

Средбата меѓу Плитвице и Соколац беше одбележана со пукање од празен резервоар на „зоља” кој штотуку беше искористен за лансирање ракета. Во позадина се слушаат гласовите на насобраните: „Господ да ве благослови.. дали сте нормални, да бегаме!“

Видеото многу брзо се рашири на интернет, меѓу другото се појави и на HooligansTV, па цел свет имаше можност да види како хрватските хулигани поставуваат нови „стандарди“.