👁️  2308

Рускиот претседател Владимир Путин слета во Узбекистан. Тој денеска би требало да се состане со кинескиот претседател Си Џинпинг, првпат од почетокот на војната во Украина, на самитот на шангајската организација за соработка (SCO), која се одржува во Узбекистан.

Снимката од слетувањето на путин во Узбекистан веќе се споделува на социјалните мрежи, а на многумина им „паѓа во очи“ тоа што избегнувал да се ракува со присутните.

Многумина сметаат дека тоа е поради фактот дека Путин се плаши од коронавирусот, па затоа избегнува близок контакт со луѓето и држи дистанца.

Според помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, денеска претседателот на Русија ќе се сретне со својот колега од Киргистан, Садир Јапаров, со претседателот на Туркменистан, Сердар Бердимухамедов, со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, со премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф и претседателот на Кина, Си Џинпинг.

Покрај тоа, денеска ќе се одржи и трилатералниот самит Русија-Монголија-Кина.

Претседателот на Русија во петок ќе има билатерални разговори со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со премиерот на Индија, Нарендра Моди и со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.