👁️  411

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот министер за одбрана Шојгу, посетиле воен камп во западниот регион Рјазан.

Целта на посетата, како што пренесуваат руските медиуми, била претседателот да се увери како трупите кои се мобилизирани врз основа на негова наредба, се подготвуваат за борба во Украина.

На Путин и Шојгу вчера им била покажана стандардната опрема со која располага руската војска, како униформи, заштитна кацига, заштитен елек, како и воени чизми наменети за војниците за назима.

„Главно е тоа што тие се тука“, прокоментирал Путин, веројатно поради наводот на бројните западни медиуми дека на руската војска ѝ недостасува опрема, а особено онаа која војниците ги штити во текот на зимата.

Во текот на посетата на воениот камп, Путин зел и пушка во рацете и како што пренесува „Раша тудеј“, испукал неколку куршуми.

Истото тоа го направил и Шојгу, а тие пукале од снајперска пушка „Драгунов“ (SVD).