Во африканска држава пресекоа лента и пуштија мост во употреба, кој веднаш се урна. Бетонски мост во Демократска Република Конго се урна за време на неговото отворање додека сите официјални лица ја сечеле лентата. Нема повредени во инцидентот. Видео од настанот се шири на социјалните мрежи. На снимката се гледа како мостот паѓа, а луѓето се трудат да се спасат за да не се повредат.