👁️  390

Пратеник во Грција почна да се соблекува за време на видео конференција на собраниската Комисија за јавна администрација. 

Ова се случи додека пратеничката Марија Апациди говореше пред комисијата. Несвесен дека камерата е вклучена, Клеон Григоријадис почнува да ја соблекува  кошулата. Апациди се обиде да го предупреди соблекуваниот Григориадис за камерата, но тој ја игнорираше.

„Кога работиш цел ден, се пресоблекуваш во канцеларија. Затоа што да, некои пратеници работат наместо да крадат народни пари“, вели пратеничката. 

Видеото можете да го видите овде.