👁️  5

Хрватски хулигани усмртија навивач на АЕК на улиците во Атина пред натпреварот.

Во немирите во Атина случени синоќа, животот го загуби младиот Михалис.

Тој почина во болница откако беше смртно ранет во судир меѓу групите поддржувачи на клубовите. Медиумите во Грција открија шокантни детали за неговата смрт бидејќи откако бил прободен со нож и лежел на улица, добил и серија удари по телото, дел со палки.

Според грчките медиуми, повикувајќи се на полициски извори, навивачите на Динамо од Загреб со нож го прободел Михалис во артеријата на раката, кој искрварил, а починал во болница.

АЕК се простија од својот навивач преку социјалните мрежи.

УЕФА го одложи натпреварот меѓу АЕК и Динамо кој требаше да се одигра вечерва.